29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Eксплозивна направа фрлена во двор во скопско Батинци

Ескплозивна направа била фрлена во двор од куќа во с. Батинци скопско, соопшти полицијата, повредени нема а причинета е материјална штета.

Рано утрово во 03.34 часот во СВР Скопје, С.С.(40) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во 03.10 часот две лица фрлиле експлозивна направа во неговиот двор од куќа во с.Батици, која експлодирала.

Според пријавеното, повредени лица нема, а биле оштетени дел од фасадата на куќата, дел од оградата и паркирано патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Надлежните објавија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.