Пакетот мерки против Ковид-19 е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви ковид-мерки, неефикасни и дискриминаторски, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес се целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд, а тоа е на врвот на листата на заразени“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија апелира на вакцинација, но, како што напоменуваат од таму, го почитуваат правото на останатите кои мислат спротивно и владата според нив нема право да го ограничува правото и слободата на избор.
„Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не. Народот не треба да се плаши, и повторно корона-кризата да се претвора во ПР војна на влевање страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.