9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, може да предизвика тешки последици

Денеска (30.07.2021) во општина Студеничани се одржа вонредна седница на Советот на општина Студеничани, на која присустуваа градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС ДрачевоМиле Трифуновски. На седницата беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување. Особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

Советот на општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Ваквите активности на МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК