22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје.

Скоро 56 илјади потрошувачи приклучени на Балкан Енерџи Груп или 93% од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35%. Нешто над 3 800 домаќинства кои се приклучени на ЕСМ Енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57%, додека потрошувачите кои се 501 на број и се приклучени на Скопје Север од 1 август ќе добиваат сметки пониски за 1,25 %, соопштија од Регулаторна комисија.

„Граѓаните приклучени на парно ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење кое е најекономично и еколошко. Во однос на работата на компаниите, сакам да укажам дека со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од конзумот односно 93%, останатите снабдувачи Скопје Север и ЕСМ Енергетика да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, се со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје, што за една година претставува раст на конзумот од скоро 2 илјади нови потрошувачи.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Од денеска поскапува парното

M T

СДСМ: Ветивме и ги решаваме проблемите, ТЕ-ТО ќе произведува струја за АД ЕСМ до крајот на месец март, обезбедено е парно греење за Скопје

M T

СДСМ: Владата го реши проблемот со парното, додека Арсовска ги игнорираше барањата и потребите на скопјани

M T

Утре почнува грејната сезона – радијаторите топли од 6 часот

CENTAR MKD