Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

На 21.07.2021, од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива.

Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Ваучери за 15 илјади лаптопи се уште не се искористени, а останаа уште само десет дена за аплицирање

ДЕСК

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

ДЕСК

Ден на човековите права 2025: Кога демократијата е под напад, молкот е соучесништво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.