Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени мигранти во товарно возило во близина на граничниот премин „Богородица“

Вчера во 05.00 часот на влез во државата, во близина на Граничен премин Богородица, во товарно возило „мерцедес“, со српски регистарски ознаки, управувано од Н.В. од Р.Србија, биле откриени пет лица мигранти, соопштија од полицијата.

Според нивното дообјаснување меѓу мигрантите биле по едно лице од Сирија, Пакистан и Египет и двајца од Авганистан.

По преземени мерки и активности било констатирано дека тие претходно влегле во товарниот дел од возилото, без да бидат забележани од возачот.

Лицата се предадени на РЦ „Југ“ за понатамошна постапка, известија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет

C +

Битолчанец нападнат поради поради сообраќајно недоразбирање

ДЕСК

Лишен од слобода возач од Битола, управувал возило со 2,99 промили алкохол во крвта

ДЕСК