Северна Македонија бележи напредок во спроведуњето на реформата на јавната администрација во полето на отчетноста и транспарентноста, како и управувањето со јавните финансии. Ова го покажуваат резултатите од Националниот монитор за реформи во јавната администрација за 2019/2020 година објавен од Институтот за европска политика.
Во извештајот се наведува дека сите институции објавуваат документи, закони и прописи, како и тоа дека повеќето инстутции објавуваат документи за политики, студии и анализи. Исто така, се истакнува дека новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, суштински ги подобри правните основи за спроведување на ова право.
Најголемиот напредок во реформите во јавната администрација Северна Македонија го бележи во делот за управување со јавните финансии. Во овој сектор се нотира дека се преземени значителни чекори за подобрување во однос на претходниот извештај за 2017/2018 година.
Како што наведуваат од ЕПИ, создадени се значајни апликации и веб страници за следење на јавните финансии, достапни се годишниот буџет, извештаиите за извршување на годишно ниво, како и полугодишните и кварталните извештаи. Позитивни оценки има и за веб страниците „Отворени финансии“, „јавен долг“ и „Финансиска транспарентност за КОВИД19“, а како како важен успех е нотирано и објавувањето на граѓанскиот буџет кој нуди преглед на буџетот преку интерактивен интерфејс за граѓаните.