23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Во пандемија клучно е да сте први со точна информација во јавност, дезинформаторите да останат позади вас

„Успеавме да воспоставиме нов начин на комуникација со медиумите и мислам дека први во регионот организиравме онлајн конференции за печатот“, коментира Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, говорејќи на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“. Тој додаде дека се уште кај нас се користи моделот за прес-конференции преку „Зум“, каде министерот за здравство скоро секојдневно ги брифираше новинарите за најновата сосотојба со коронавирусот и одговараше јавно на сите поставени прашања.

-На прво место е неопходна соработка со медиумите и новинарите, со медиуми и одговорни организации кои во вистинско време можат да одговорат на должноста, да споделат факти и точни информации, односно да ги споделат новите мерките со граѓаните, вели Забрчанец.

 Тој кажа и дека неопходно е да се активираат и проверувачите на факти, затоа што во контекст на „брз одговор“, тоа значи итна реакција на дезинформацијата. Забрчанец додаде дека македонската Влада пред почетокот на пандемијата, за првпат креирала и воспоставила протокол за кризни состојби како стандард за комуникации.

-Кога нè погоди пандемијата, имавме документ во наши раце и имавме можност да започнеме со имплементација на сосема нов протокол. Како прво правило требаше да имаме одговор веднаш и да бидеме први што споделуваат информации во реално време, на пример откако ќе добиеме податок за бројката на нови случаи или мерки. Ние први излегуваме и ги споделуваме фактите, изјави Забрчанец.