Овој четврток (08.07.2021) со почеток од 19 часот во градината на хотел Солун (плоштад) во Скопје ќе се оддржи новото издание на најпознатиот бизнис нетворкинг настан во земјава – Бизнис Кафе Македонија.
“После долго отсуство поради пандемијата и ограничувањата за јавни настани, ова летно издание е одлична можност да одмориме малку од видео-конференциските алатки и повторно со нашите соработници да се дружиме во живо, со шолја кафе и многу енергија за ре-старт на вообичаените бизнис активности” – велат организаторите.
Покрај вообичаените нетворкинг елементи, 37-мото издание на Бизнис Кафе Македонија ги носи и искуствата на тројца врвни професионалци во своите области кои со присутните ќе ги споделат своите бизнис и животни лекции и ќе се обидат да понудат одговори на некои од најважните пост-пандемиски прашања поврзани со менаџирање на кадар, продажба и пост-пандемиско работење.
Како гости-говорници на ова издание ќе бидат:
Дејан Маџоски, директор за човечки ресурски во НЛБ Банка, долгогодишен експерт во областа на HR менаџментот, развој на организациска култура и развој на лидерство, со претходно искуство и во компании како Т-Мобиле, Македонски Телеком и Пивара Скопје
Марко Дамевски, Менаџер за Продажба во Winner Life, но пред се тренер и лидер на продажниот тим во една од најдинамичните индустии во земјата кој скоро две декади е целосно посветен на развој на продажните мрежи и тимови на водечки финансиски институции и странски брендови во земјава, како што се Western Union, Societe General Охридска Банка, Прокредит Банка, ИК Банка, Кроација Осигурување и др.
Стефанија Гаштарска, дипломиран балетски уметник во Болшој академијата во Москва, со црвена диплома. Гришко бренд амбасадор и член на Болшој Театарот.
Поради желбата сите да се чувствуваат сигурно, ова издание на Бизнис Кафе Македонија ќе биде со ограничен број на достапни места за посетители и затоа Ве покануваме поскоро да си го резервирате Вашето место со испраќање на е-маил порака на: mkbizniskafe@gmail.com
Картите се по цена од 300 денари и истите можат да се купат на фактура или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан) со претходна потврда за резервација на место на погорната е-маил адреса.