23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Нема да се предадеме, ќе се бориме за статусот на УНЕСКО

„Кога во 2017 година СДСМ започна да менаџира со општината наидовме на само еден готов проект за реализација“, кажа охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на партиската трибина во градот. Тој вели дека општината ставила акцент на инфраструктура и во многу кус период биле реконструирани улиците „Егејска“, „АСНОМ“, „Охридски бригади“, „Марко Цепенков“ и други, а воедно се реконструирале повеќе училишта, биле поставени нови покриви, потпорни ѕидови, нови врати, санитарни јазли… Георгиевски истакна дека освен во градот се работило напорно и во селата и во приградските населби.

-Ние начекавме долг од една милијарда и 600 милиони денари. Сега долгот изнесува 470 милиони денари и се надевам дека наскоро ќе бидеме целосно раздолжени, кажа Георгиевски.

Според него, во минатото во Охрид туризмот не бил главна стопанска гранка, па затоа сега општината создава услови за развој на дејност, а во таа насока с еи субвенциите за кајчарите, туристичките водачи и станоиздавателите. Георгиевски исто така додаде и дека на охриѓани треба добро да им се објасни додадената вредност што ја носи УНЕСКО.

-Замислете, кај Канео, што се најде на најпрестижните светски списанија, една неодговорна власт допуштила за 40 илјади евра годишно некој таму да постави кафеана и платформа во езерото. Но, ние нема да се предадеме и да го изгубиме статусот на УНЕСКО, заклучи Георгиевски.