На 02.07.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 10.00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки.
Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.