Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, приведени двајца дилери

На 02.07.2021 на подрачјето на Скопје од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, беа лишени од слобода Б.С.(29) и М.М.(26), двајцата од Скопје.

При извршени претреси во домовите и други простории кај двете лица, биле пронајдени и одземени марихуана и синтетичка дрога амфетамин и парични средства. Б.С. и М.М. се приведени во полициска станица и против нив до Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.