7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Силното присуство на САД на светската сцена за нас е од исклучителна важност

„За Западен Балкан од исклучителна важност е најавата на претседателот Бајден за враќање на силното присуство на Соединетите Американски Држави на светската сцена“, истакна премиерот Зоран Заев на „Преспа форум дијалогот“, додавајќи дека дипломатскиот ангажман на САД се заснова на најскапоцените демократски вредности на оваа земја, а воедно е и наш стратешки партнер.

-Ова е добра прилика да ја изразам и нашата благодарност за постојаната, отворена и искрена поддршка на Америка за нашите аспирации колку што може поскоро да ги започнеме преговорите за членство со Европската Унија. Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, а ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласивме со Помошникот Државен Секретар Филип Рикер, изјави Заев.

Според Заев отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, дополнувајќи дека од исклучителна важност е и поддршката од САД во процесот на изнаоѓање решение за започнување на преговорите со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.