23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

На 8 јули ќе се одржи првиот Italian Open Moto Day

На 8 јули, на паркингот на средно Водно, од 18.00 до 23.00 часот ќе се одржи првиот Italian Open Moto Day, настан посветен на промоција на италијанската мото индустрија во организација на Амбасадата на Р.Италија и ДИНАМИКС.

Од 18 до 20.00 љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност за запознавање со моторите и тест возење.

Во 20.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на уникатен и забавен начин ќе ги претстават најновите модели VESPA GTS 75th, Moto GUZZI V7 Stone Centenario, и Ducati Monster.

Од 21.00 следат два часа дружење, забава и уживање со италијанска рок музика, италијанска храна и пијалоци!