26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ блокира закон кој нуди економска и социјална сигурност за 4700 наставници и стручни соработници

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во собраниската комисија за образование, наука и спорт не дозволуваат да започне расправата за Законот за наставните и стручни соработници во основно и средно обраование кои се ангажирани на определено време. Новото законско решение нуди договор на неопределено време за сите што ги исполнуваат условите, со што нудиме економска и социјална сигурност на 4700 наставници и стручни соработници, кои секоја година го чувствуваат притисокот дали ќе им биде продолжен договорот“ рече Лидија Тасевска, пратеничка од СДСМ на трибината „Најдоборото за нашата општина“ во Куманово.

Таа додаде дека на овој начин, опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е на спротивната страна, против наставниците и нивниот кариерен и професионален напредок, а со тоа и против прогресот на образованието.

„Кога во 2017 година ја презедовме валста на централно ниво, нашата држава беше меѓународно изолирана и опустошена, а институциите потонати во долгови. За 4 години станавме полноправна членка на НАТО, а на домашен план ја зголемивме минималната плата за 60 отсто, додека просечната достигна скоро 500 евра“

Таа додаде дека зголемени се платите на здравствените работници, на полицијата, армијата, на вработените во градинките и улилиштата.

„Со реформите во сферата на социјалната заштита го зголемивме опфатот на деца што примаат детски и образовен додаток. Ја зголемивме социјаланта помош за 300 отсто. Воведовме и социјална пензија за поворазсните граѓани, а го вративме и достоинствениот живот на 12 илјади стечајни работници“ рече Тасевска.