23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Куманово: „Белата палата“стои како сведок за криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ

Изминаа четири години власт на СДСМ и може да кажеме дека Македонија е многу понапредна, економски стабилна и меѓународно ценета, дел сме од НАТО сојузот на пат сме кон ЕУ, рече на трибината„Најдоброт за нашата општина“ во Куманово, потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека опозицијата постојано критикува и блокира и создава лажни вести но никако да признае дека треба да се реформира.
-Која власт била поефикасна, ги слушам портпаролите, па дали се свесни дека тие беа ефикасни само во крадење, и мамење на народот, таква ефикасност нема да има повторно, стриопори и барокни фасади како „Скопје 2014“нма да се повторат, ќе остане само Белата палата да сведочи за еден коруптивен и криминален период. ВМРО- ДПМНЕ ако не се реформира не е опција за водење на државата, и требаат нови луѓе, рече Спасовски.

Тој посочи дека владата предводена од СДСМ направи голем напредок во економијата, социјалната сфера, здравството, образованието, културата, спортот.
-Ние имаме Бројки и факти кои никој не може да ги побие. За 12 години власт ВМРО изградија 40 градинки, А СДСМ за 4 години 59. За 12 год власт тие реконструираа 74 училишта, а СДСМ 80 училишта за само четири години. За време на нивното владеење изградија само 650 км патишта, СДСМ за четири години  успеа да изгради 1040 км, рече Спасовски.
Тој посочи дека нема мала и голема општина, нема важна и неважна.

-За СДСМ сите се важни, секој граѓанин добива подобри услови за живот, затоа сакаме да избереме најдобри кандидати за градоначалници и советници. Ќе се избере најдобар градоначалник во Куманово и по 30 години СДСМ  ќе биде огледало на едно општество за сите, рече тој.