Владата предводена од СДСМ направи голем напредок во економијата, социјалната сфера, здравството, образованието, културата, спортот, рече на трибината„Најдоброт за нашата општина“ во Куманово, потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски
-Што направивме, со повратот на ДДВ ги враќаме парите назад кај граѓаните. Воведовме ефтина струја, за четири години ја зглемивме минималната плата, од 8500 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.000 денари денеска во времето на СДСМ, рече Спасовски.
Тој потсети дека е укинато екстерното тестирање и малтретирање на учениците и наставниците.
-Ги зголемивме платите на медицинските сестри и медицинскиот персонал, ако во времето на ВМРО-ДПМНЕ специјалистите лекари имаа 30.000 денари, сега нивните плати се движат од 90 до 100 илјади денари. Ги зголемивме субвенцииите во земјоделието, социјалната помош, рече тој.
Спасовски потенцираше дека денеска е изгласан законот за задолжително пензионирање на граѓаните со 64 години и покрај веќе познатите блокади на опозицијата.
-Ветивме дека поради пандемијата ќе се направи отпис на долговите, Владата го усвои сега останува Собранието да го изгласа и над 150 граѓани ќе добијат отпис на каматите на долговите кон државата и институциите. Ги зголемивме на пензиите, платите во сите сегменти, градинки, образование, одбрана, полиција, рече Спасовски.
Тој посочи дека во времето на ВМРО ДПМНЕ во Куманово биле изградени две тениски игралишта и половина спортска сала.
-Куманово беше на маргините поради односот на власта, но прва во пркосот во прогресот и тоа никој не може да го оспори и земе, први во идеи, борбеност и затоа полагаме многу надежи за развој. Државата му должи на Куманово, но државата се раздолжува за да стане вистински модерен град европски центар, град гордост на државата, рече Спасовски.