23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Ненадејната смрт на биткоин милијардер може да го разниша пазарот на крипто

Смртта на еден од најголемите сопственици на биткоин, Мирчеа Попеску, доведе до несигурност на пазарот на крипто поради милијардите долари во криптовалутата што ја поседуваше.

40-годишниот милијардер се удавил во Костарика, објавија шпанските медиуми.

Попеску, романски претприемач и блогер, започна да разменува биткоин хартии од вредност во MPEx во 2012 година и се стекна со големо богатство.

Неговото богатство се проценуваше на скоро две милијарди долари во биткоини во средината на април годинава, но оттогаш веројатно се намали драматично.

Тој, наводно, имал контрола над повеќе од милион „монети“.

Веста за смртта на Попеску предизвика шпекулации за тоа што ќе се случи со неговото огромно богатство.

Со оглед на тоа што тој поседуваше огромна количина на биткоини, чие ископување е многу тежок и скап процес, неговата ненадејна смрт може да влијае на вредноста на оваа крипто валута.