„Со акцискиот план на Владата за борба против дезинфорамциите се обврзавме редовно и брзо да одговараме на медиумите и факт-чекинг организациите кои дејствуваат и се борат против дезинформациите“ “ рече националниот координатор за комуникации во Владата, Марјан Забрчанец на конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“.
Тој додаде дека акцискиот план за борба против дезинформациите е достапен за сите и ги повика организациите кои работат против тој феномен на поголема соработка со Владата.
„Владиниот план е на сите, а не мора ни да го викаме владин. Може да направиме и нов. Нам не ни е битна формата, туку суштината и соработката. Владата е спремна да води процеси, но и да биде водена“ рече Забрчанец.
На конференцијата, Забрчанец исто така повика и на обновување на програмите за студентите и учениците бидејќи, како што кажа, денешните генерации живеат и учат во 21 век и не е во ред во материјата да изучуваат теорија базирана на 20 век.
„Владата е подготвена да биде партнер и соработник на сите организации за да се промовираат демократсктие вредности и да се отстрани заканата која доаѓа од центрите за дезинформации“ потенцираше Забрчанец.