23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Скопско лето: Фото изложба „Провокативни лица“ и концерт за деца

Вечерва, во рамки на „Скопско Лето“ ќе биде отворена фото изложбата „Провокативни лица”, во 20:00 часот во Изложбениот салон на Културно информативниот центар. Автор на театарските маски е Филип Цветковиќ од Србија.

Вечерва како што информираат организаторите ќе се одржи и музичко-драмски концерт „Писмото од кралот“ со почеток во 20:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Концертот е во соработка со Триангл пулс.

„Писмото на кралот” е иновативен музичко-драмски концерт за деца кој е во својство на едукацијата на најмалите, опфаќајќи актуелни теми (екологија, бон-тон, јавно здравје итн.), испреплетени низ музика изведена во живо.

Целта е будење на свеста за важноста на чување на градот Скопје, преку едукација на најмладата популација на креативен и иновативен пристап.

За идејниот концепт, сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ, а изведбата е на Марика Поповиќ – модератор, мецосопран; Андреј Наунов – пијанист; Јане Дунимаглоски – тенор, труба и гитара.

Можеби ќе ве интересира

„Скопско лето“ со Шопен

M T

Македонскиот народен театар ќе учествува со две претстави на 42-то „Скопско лето“

M T

Вечерва изложба, утре концерти на програмата на „Скопско лето“

M T

Стартува Скопско лето 2021

M T