Министерството за животна средина и птосторно планирање информира дека среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за 22.06 .2021 се благо надмината на речиси сите мерни места, освен на мерното местпо во Гевгелија.
Во прилог е табелата со измерените среднодневни концентрации на ПМ 10 честичките.
При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови мена надминувања.
Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни.
Табела бр. 1 Надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 [50 mg/m3] за ден 22.06.2021 година
АМС
Датум |
Центар | Карпош | Лисиче | Ректорат | Миладиновци | Ѓорче Петров | Битола 1 | Битола 2 | Кичево | Лазарополе | Тетово | Гостивар | Велес 2 | Кочани | Кавадарци | Куманово | Струмица |
22.06.2021 | 68.96 | 62.89 | 58.40 | 56.91 | 54.55 | 52.49 | 52.77 | 74.04 | 73.22 | 81.54 | 74.13 | 92.63 | 72.87 | 58.40 | 77.53 | 55.37 | 53.58 |
*концентрациите се изразени во mg/m3
Исто така, во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка евентуално други можни извори на загадување.