16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мерката вредна 15 милиони денари за ваучери за летување е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува целосно посветена на вистинска грижа и одговорност за економијата, за угостителите, за сите граѓани, соопшти СДСМ.

„ Оттаму, и годинава граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, годинава изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари.

Јавниот повик започна на 8 јуни, со краен рок за аплицирање 30 јуни. Над 2.600 апликации се пристигнати за една недела од објавувањето на јавниот повик во архивата на Министерството за економија по што повикот е затворен.

Од државниот буџет за реализација на оваа одговорна и ефикасна мерка предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Овие пари ќе завршат кај домашните хотелиери, со што директно ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а во исто време ќе им се помогне и на илјадници семејства со ниски примања“ соопшти владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.