„Во време на пандемија покажавме што значи да се грижиш за секој граѓанин, за секоја компанија, за секое работно место..Преку социјален дијалог креиравме шест пакети економски мерки вредни една милијарда двесте и шеесет милиони евра кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите“ кажа Јована Тренчевска членка на Извршниот одбор на СДСМ на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Прилеп.
Таа додаде дека за време на кризата предизвиката од панедмијата на КОВИД-19, Владата успеа да спаси 100 илјади работни места и да ја задржи еконоската стабилност во државата.
„ Градиме еднакво општество за сите, го враќаме достоинството. Ја зголемивме минималната плата на 15.200 денари, која во 2017 изнесуваше само 9.000 денари. Ја израмнивме минималната плата и ја запревме дискриминацијата кон вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои добиваа плати пониски од законскиот минимум. Минималната плата денеска изнесува 54% од просечната плата“ потенцираше Тренчевска.
Таа додаде дека освен минималната, постојано расте и просечната плата, која според последните податоци изнесува 28 илјади денари. Тренчевска потенцираше и дека просечната плата во здравството е зголемена за 4.700 денари.
„И покрај пандемијата, стапката на невработеност падна на 16%, најниско ниво досега. Во 2017 таа изнесуваше 22,4%, а на крајот на 2020 година таа е 16,4%. Се бориме со невработеноста и со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот. Со вкупен буџет од околу 24,5 милиони евра, овогодинешниот Оперативен план ќе го зајакне и поддржи пазарот на трудот во земјава за надминување на последиците од Ковид кризата. Со него ќе бидат опфатени 10.279 лица“ нагласи Тренчевска.