13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За 15 проценти се зголемуваат платите на судиите

Министерството за правда и здружението на судии постигнале договор да се зголемат платите на судиите.

Вкупно е предвидено зголемување од 15 проценти, првите 10 годинава, а следната година за уште 5 проценти.

– Можно е и дополнително зголемување од 5 проценти во 2023 година.

Зголемувањето е паралелно со процесот на зголемување на одговорноста кај судиите со процесот на дигитализација и прочистување на работата на судиите.

Беше тешко да се обезбеди покачување, но владата изнајде начин да го стори тоа, изјави Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити вели дека преговорите не биле лесни. Се барало зголемување од 20 проценти, но со преговорите постигнале договор.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК