На 11.06.2021 во 17.40 часот во СВР Битола, од Итна медициска помош било пријавено починато лице Ш.В.(55) од Прилеп.
Според пријавеното, на магистралниот пат Битола-Прилеп, пред Тополчани, додека управувал патничко возило, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.