24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: „Парите назад кај граѓаните“ не е само проект, тие вистински им припаѓаат

Со аплауз за здравствените работници кои несебично се грижат за нашето здравје ги поздрави граѓаните заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа токму во близина на вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“.

-Токму во време на пандемија покажавме како се владее, вбризгавме повеќе од 62 милијарди денари во домаќинствата и копаниите, а ги помогнавме  и самостојните вршители на дејност. Со сетовите економски мерки го заштитивме секое работно место, секој граѓанин,компанија, а ги помогнавме и ризичните групи, рече Лукаревска.

Таа посочи дека СДСМ секогаш се носители на промените, а оваа партија инвестира во човечкиот капитал, и заедно со граѓаните да го обере најдоброто за улиците, маалата, градинките и училишштата, најдоброто за нашата иднината и промените.
-Концептот „Парите назад кај граѓаните“ не е само проект туку е еден од нашите најголеми успеси и тој ќе продолжи и понатаму затоа што парите навистина им припаѓаат на граѓаните, но и првата суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партија која 11 години парите на граѓаните се трошеа на барок и споменици и завршуваа кај неколкумина од тогашниот режим, порача таа.
Лукаревска посочи дека оваа трибина е почеток на директна комуникација со граѓаните заедно и непосредно да кажат бидејќи СДСМ е партија која слуша и реализира и го одбира најдоброто за сите општини и градот Скопје.

 -Покажавме дека знаеме да владеме отчетно, транспарентно, чесно и на прво место ни се граѓаните, според бројните статистики и анкети резултатите се на наша страна. Принципот ќе остане принцип на наше делување. Ајде заедно да градиме мостови кои ќе не однесат директно кон поубав град, кон нашето Скопје, рече таа.