2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во тетовско каде 13 жени ги забавувале гостите – приведени 14 лица

На 09.06.2021 во периодот од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од с.Желино.

При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки.

Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +