28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Едно општество за сите – Арена спорт и Спорт клуб на македонски и абански јазик

Со обидот на Владата спортските канали Арена спорт и Спрот клуб да се реемитуваат на македонски и на албански јазик уште еднаш се потврдува заложбата кон концептот „Едно општество за сите“, но и заложбата за промоција на официјалните јазици на државата. Што значи, Владата продолжува да биде промотор на маедонскиот јазик, а тоа го потврдува владиниот став дека јазикот никогаш ниту бил, ниту ќе биде дел од преговорите за нашите европски интеграции.

Токму доказ дека не се преговара и не се калкулира за македонскиот јазик е одлуката на Владата на вчерашната своја седница кога ја усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт. Дополнително барање е овие програми да се емитуваат и на албански јазик.

Авторските права на програмите кои ги емитуваат операторите се во согласност со директивите од ЕУ, а ова покажува дека македонскиот јазик никогаш не бил доведен во прашање од ниту една домашна или европска институција, како што сака да манипулира опозицијата, туку напротив се оди напред кон промоција на македонскиот јазик и се преземаат чекори кон гледаните спортски канали. Со тоа граѓаните ќеможат да ги следат спортските натпревари на јазикот кој е признаен како официјален јазик на Северна Македонија, а тој јазик е признат и од ЕУ.

Агенцијата за електронски комуникации во рок од 3 месеци по барање на Владата треба да најде начин да овозможи содржина и емитување на македонски/албански јазик на програмите Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во Северна Македонија.

Владата продолжува да го реализира концептот Eдно општетство за сите граѓани, но и го решава долгогодишниот проблем околу пренесувањето на спортските натпревари и проблемите со кои се соочија гледачите минатата година кога овие канали беа исклучени. Законските измени им наложуваат на операторите да гарантираат за авторските права на програмите кои ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Со оваа одлука Аренаспорт и Спортклуб ќе бидат регулирани како и секаде во регионот, Словенија, Хрватска и Србија каде се емитуваат на официјалните јазици во овие три земји. Сето тоа сега треба да се имплементира и во Македонија најдоцна за три месеци.