Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.
„Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор“, изјави Бабовски.
Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства во Ветеринарно-информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС) е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање земјоделски субвенции.