Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две малолетни лица тешко повредени во сообраќајка

Две малолетни лица од с.Агларци, општина Новаци, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа помеѓу мопед и мотоцикл.

„ На 7.6.2021 во 19:50 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Г.Агларци, општина Новаци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед ‘ванге-50’ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл ‘шинрај-150’ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка од мотоциклот ‘шинрај-150’, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда

ДЕСК

ТРАГЕДИИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Деветнаесетгодишен мотоциклист почина по сообраќајна несреќа среде Скопје

ДЕСК

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

ДЕСК