Centar.mk
БИЗНИС

Од денеска директна авиолинија меѓу Скопје и Москва

Денеска и официјално ќе биде пуштена во функција новата авионска линија Москва-Скопје.

Настанот ќе биде одбележан на скопскиот аеродром, а првиот лет на авиокомпанијата „Нордвинд“ од Москва во Скопје ќе слета во 17 часот и 10 минути.

На настанот ќе присуствуваат и по пристигнувањето на првиот патнички авион од Москва, изјави ќе дадат генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Според претходните најави, руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „боинг 737-800“ со 189 седишта, а проценетото време на патување е 3 часа 25 минути.

Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година.

Можеби ќе ве интересира

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15: Регресот за годишен одмор може да изнесува и до 45.000 денари

ДЕСК

Овој ноември сме плаќале поскапо кафе и храна по кафичите и рестораните за цели 4,1 отсто во однос на лани

ДЕСК

Маск ја напаѓа ЕУ?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.