16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовската полиција со ноќен радар „лови“ несовесни возачи

Тетовската сообраќајна полиција, синоќа (3 јуни) во периодот од 20:30 часот до 23:30, спровела контроли на брзината со која се движат возилата во населено место.

Како што информираат од МВР, со користење на таканаречениот „ноќен радар“ биле откриени и санкционирани вкупно 42 надминувања на максимално дозволената брзина, од кои 10 за повеќе од 50 километри на час.

Покрај ова, санкционирани биле и пет други видови прекршоци.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ ОГРАБЕНА “ПРОДАВНИЦА” ЗА БРЗИ КЕШ КРЕДИТИ – Полицијата трага по лице кое поседувало огнено оружје

ДЕСК