За ефикасна реализација на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата ќе биде формирна единица за следење на ивнестиции која ќе претставува координатвна група од јавниот и приватниот сектор.
Како што најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на планот, оваа единица ќе биде одговорна за раководење со процедурите за справување на Интервентниот план за јавни приватни инвестиции.
„Силно верувам дека здравствената криза одминува и дека само со работа и искрени намери и труд ќе има подобри услови и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани. Владата е тука да даде мотив и поддршка за економска стабилснот, за раст и развој на нашата држава, за мирен и стабилен живот на нашиот народ“ кажа премиерот Заев.
Тој објасни дека планот е комплетно поклопен со фискалните стратегии на Министерството за финансии и економските ресори.
„Верувам дека како сериозен бустинг или импетус на развојот на нашата економија ќе може навистина да го смени севкупниот имиџ, да го подигнеме економскиот стандард на граѓаните, БДП и севкупниот извоз во Северна Македонија“ кажа премиерот Заев.