18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ветерни паркови во Богданци, Свети Николе и Демир Капија ќе генерираат чиста обновлива енергија

Три ветерни паркови кои ќе генерираат преку 90 мегавати енергија вредни 110 милиони евра ќе се градат во Богданци, Свети Николе и Демир Капија. Овие инвестиции ги најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата.

Ветерниот парк во Богданци е инвестиција на ЕНЕРГО системи Словенија и Австрија вредна 50 милиони евра. Овој ветерен парк се очекува да произведува 30 мегавати енергија.

Втората инвестиција е во Свети Николе 36 мегавати, а лиценцата е добиена од домашен инвеститор. Вкупната инвестиција во овој ветерн парк е 60 милиони евра.

Во текот на летото се очекува да започне и изградбата на Ветерниот парк во Демир Капија, каде што инвеститор е турска компанија. Вредност ана оваа инвестиција е 50 милиони евра, за ветерници кои ќе генерираат 30 мегавати.

Плановите за ветерните паркови, премиерот Зоран Заев ги најави на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата со кои се планираат инвестиции во вредност од над 8 милијарди евра во македонската економија.

Можеби ќе ве интересира

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

ДЕСК

Се судрија автомобили и автобус кај Клапкин дол – Има повеќе повредени, меѓу кои и малолетници

ДЕСК

СДСМ: Обвинителството е на потег за милионските злоупотреби во Еразмус+ кои водат до ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК