27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Девет компании се во трка за инвестирање во „Чебрен“, ЕСМ ќе учествува со 30%

„Електрани на Северна Македонија со повеќе од 30% ќе учествуваат во инвестицијата во ‘Чебрен’, која се очекува да биде регионална батерија“ најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

Како што најави премиерот, девет компании ја поминале првата фаза од тендерот за јавно-приватно партнерство за „Чебрен“, за инвестицијата која се очекува да биде помеѓу 500 и 800 милиони евра.

„Веруваме заради услвоите кои ги нудиме овој пат дека оваа инвестиција ќе успее затоа што е регионална батерија, атрактивна и примамлива за многу светски компании. Од 9 компании имаме 2 кинески, 2 турски и 5 се европски џиновски компании“ соопшти премиерот Заев.

Оваа инвестиција е дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 со кои се предвидуваат инвестиции од преку 8 милијарди евра за македонската економија, од кои најголем дел, односно, преку 3 милијарди се во енергетиката.