„Уште еднаш апелираме до опозицијата, кога ќе влеземе во Собранието со проектот за клиничкиот центар, да го разгледаат како можност и да дадат свои сугестии“ кажа премиерот Зоран Заев презентирајќи го Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
Проектот за изградба на клиничкиот центар во Ѓорче Петров ќе чини околу 500 милиони евра, со можност да се добие грант од ЕУ преку Европскиот Инвестициски Фонд или план од 250 милиони евра, односно 50% од целиот проект.
Премиерот Заев ја повика опозицијата да учествува во програмските единици за имплементација на овој проект и најави дека планирано е да има и трета страна компании кои ќе ја утврдуваат вистинитоста на цените за овој огромен капитален проект.
Инвестицијата во клиничкиот центар во Скопје е дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој предвидува преку 8 милијарди евра инвестиции во македонската економија.