8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Растурена забава со музика во живо во кафеана во Јурумлери

Инспекторите растурија забава во кафеана во скопското село Јурумлери, каде што биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка. Лицата биле приведени, а објектот затворен.

Според информациите на МВР, вчера, во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, Скопско, сопственост на А. Ш. (39) од истото село.

Во објектот биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка, со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Објектот бил затворен, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.