Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец обвинет за обид за силување, жртвата успеала да побегне

41-годишен гостиварец се обидел со употреба на сила да изврши обљуба врз жена додека таа чистела во својот дом.

Од МВР информираат дека Основното јавно обвинителство Гостивар има поднесено обвинителен акт против ова лице за кривично дело силување во обид казниво по Кривичниот законик.

На 27 април 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол.

Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице бидејќи сѐ уште постои опасност од бегство или можност ова лице да влијае врз жртвата, како и можност да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК

НОВИ 30.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА – Надлежните со апел до граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК