23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН објави уште еден повик за наставници за напредување во звање ментор

Министерството за образование и наука информира дека денес е објавен повторен повик за пријавување наставници од основни училишта за напредување во звање ментор. На повикот можае да се пријават наставници од основните училишта, од кои на првиот повик немаше пријавени кандидати или немаше кандидати што ги исполнуваа условите.

Вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен. Во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува тој.

За еден наставник да може да аплицира за остварување на правото што произлегува од новиот Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, чија цел е подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност, потребно е да исполнува неколку услови: да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде што во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2021 година.