24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето на седницата на Економско социјалниот совет, истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи.

„Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите кои што беа наметнати од новонастанатата состојба“, потенцираше Шахпаска.

На седницата беше презентирана и Нацрт рамката на индикатори кои ја мерат ефикасноста на Економско социјалните совети на државите од Западен Балкан. Овој документ е подготвен во рамки на регионалниот проект Платформа за вработување и социјални прашања 2.

„Значењето на овие индикатори е големо, бидејќи токму преку нив ќе можеме компаративно да ја согледаме ефикасноста на нашиот Економско социјален совет во однос на истите вакви тела од регионот, а со тоа ја унапредиме и неговата улога во водењето на социјалниот дијалог“, рече Шахпаска.

Беше презентирано и националното истражување во рамки на проектот „Меѓугенерациски јаз“.

Истражувањето упатува на тоа, дека повозрасните работници поседуваат работно искуство, знаење и посебни вештини, додека пак слабост им е новата технологија. Додека пак на новите генерации прдност им се вештините и познавањето на информатичката технолија, а слобост немањето доволно искуство. Оттука произлегува и суштинското значење во надминувањето на меѓугенерацискиот јаз кој лежи во премостувањето на овие генерациски разлики, преку размена на искуство и знаење, велат надлежните.