23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт тврди дека Филипче лажел за бројот на починати од коронавирус, зошто власта молчи?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на последните податоци на министерството здравство, каде како што велат, дека се починати 5.311 лица од коронавирус.

Според оваа партија, ако се земе во предвид анализата на американскиот институт Хелт дата (Health data) кој има сомнеж дека официјалната бројка за која информираат надлежните е два пати поголема, значи во Македонија има повеќе од 10.000 граѓани починати од коронавирус, додаваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ни помалку, ни повеќе Филипче лажира бројки на починати, и тоа според американски институт бројката оди над 10 илјади, а не како што информира Филипче! Филипче сепак се прави и слеп и глув кога е во прашање здравјето на граѓаните. Македонија и според Ворлдометар (Worldometers), на светската листа по број на починати е на високо четврто место. Но, грижата на Филипче е само за тоа дали има провизии или не“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.