17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен криминалец во бегство кој треба да издржи 10-годишна казна во „Идризово“

Во вечерните часови на 19 мај на булеварот Мајка Тереза во Скопје бил лишен од слобода Р.К. (36) од Скопје, по добиена судска наредба, заради доиздржување на затворска казна во затворот „Идризово“.

Како што информираат од МВР, за Р.К. била распишана централна потерница за лице осудено на вкупно 10 години и 9 месеци казна затвор.

Лицето било предадено во полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +