24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е против граѓаните, наставниците, војниците, против здравствениот систем

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со опструкции, со блокади на важни законски решенија, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој вели дека партијата предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена работи на штета на граѓаните, на државата.

„ ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата конечно ќе добие нов современ Клинички центар после речиси 80 години. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за сите граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручни соработници“ изјави Костадинов.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа над 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат економска сигурност. Исто така, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата.

„ Тие се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20.000 евра и да имаат други поволности при пензионирање. Тие се против се стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата. Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира“ додаде портпаролот на владејачката партија.

Затоа шест пати ВМРО- ДПМНЕ се поразувани на изброи, затоа уште долго ќе се во опозиција, порача тој.