„Вчерашниот 26. Конгрес на СДСМ беше започнување на процесот на нова политика, во која што СДСМ остана прв во промените. Тој е дел од една акција на нова позитивна промена во начинот на функционирањето на партијата и на политичките партии во земјава воопшто“ истакна членот на Центраниот одбор на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски во неговото гостување во „Утрински брифинг“.
„Новата политика има пет клучни столобови: Прво, обновување на досегашната кадрвоска понуда на СДСМ со освеживање со нови кадри докажани во своите професии, но без откажување од оние кои што биле досега дел од раководоството. Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот. Трето, охрабрување на различно мислење и почитување на туѓи ставови. Четврто, градење на СДСМ за ново време, млад СДСМ кој што ќе биде прв во промените. Петто, подигнување на мотивацијата на граѓаните“ објасни Ковачевски.
Тој додаде дека изборот на органите на Конгресот само го потврдиле тоа. Ковачевски презентираше дека од 120 членови на Централниот одбор, 60 се жени, 60 се мажи, односно за прв пат има еднаква застапеност на мажите и жените.
Ковачевски исто така кажа дека 45 од членовите на новиот ЦО на СДСМ се предложени од младината на партијата, што претставува еден вид на влог во иднината.
„СДСМ потврди и докажа дека е партија која што е отворена кон нови луѓе, што може да создадат нова енергија, да внесат свои свежи идеи. Тоа се потврди преку изборот на две третини ново раководство. Две третини д членовите на ЦО се нови, а една третина се стари членови, кои што обезбедуваат континуитет со досегашното успешено работење. Во новите имиња има докажани професионалци, особено од сферата на медицината, од полето на економијата и сето тоа дава еден квалитет плус и можност СДСМ да ги развива сите идеи и активно да ги имплементира преку влдата“ кажа Ковачевски.