25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата.

Таа беше изгласана со 682 гласа „за“ и два „против“, на предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска од оваа позиција.

Лукаревска е директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), а на последните парламентарни избори беше носителка на изборната листа на СДСМ во Изборната единица број 2, заедно со Оливер Спасовски.

Лукаревска е роденa е 1982 година во Скопје. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а речиси целата професионална кариера и е во Управата за јавни приходи, како помлад инспектор во Регионална дирекција Скопје, извесен период работи во Министерството за финансии, а потоа се враќа во УЈП како асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Во 2017 година е именувана од Владата за вршител на должност директор на Управата за јавни приходи, а во 2018 и официјално како директор.

Пред конгресот, во СДСМ имаше и размислувања заменичката позиција да биде укината. Сепак, денеска, пред почетокот на конгресот, досегашниот состав на ИО решил да се избере нова заменичка на Заев.

Конгресот денеска треба да го избере и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, за што делегатите добија листа од 120 имиња.