21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германските инвеститори се повеќе се оптимисти во поглед на економското закрепнување

Германските инвеститори се повеќе се оптимисти за економијата на земјата бидејќи последниот бран на нови инфекции со коронавирус се чини дека забавува, покажа истражувањето во вторникот.

Институтот ZEW со седиште во Манхајм вели дека неговиот индикатор за економски очекувања за Германија во текот на следните шест месеци порасна за 13,7 поени во мај во однос на претходниот месец, на 84,4, што е највисока вредност од почетокот на пандемијата КОВИД-19.

Последен пат индикаторот беше на повисоко ниво беше во февруари 2000 година.

Зголемувањето на оптимизмот следеше по неочекуваниот пад во април кога новите дневни случаи на инфекција со коронавирус беа многу поголеми.

Германскиот центар за контрола на болести, Институтот Роберт Кох, во вторникот пријавил 6.125 ново потврдени случаи, во споредба со 17.855 нови случаи истиот ден пред еден месец.

извор: Биланс.мк

Можеби ќе ве интересира

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 243 контроли за фискализација, казнети 91 дуќан кај кои биле утврдени неправилности

ДЕСК

„Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност“

ДЕСК

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

ДЕСК