15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Црвените линии се поставени – не се разговара за јазикот и националниот идентитет

„Црвените линии се потенцирани и повторувани повеќе пати – не се разговара за јазикот и националниот идентитет. Ние како држава имаме право на тоа. ЕУ има задача преку нивните механизми да го оствари тоа што е ветено – започнување на преговорите“, изјави пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Таа кажа дека високите претставници на Европската Унија уште еднаш повторија дека Македонија ги исполни условите за почеток на преговорите на ЕУ.

„Одлуката на Советот на ЕУ е признане дека Македонија треба да ги отпочне преговорите и за тоа до кој степен се реформите и што се е е направено. Во наредниот период треба да се засили дипломатската активност и да го излобираме реализирање на најавите и почеток на преговорите“ изјави Петровска.

Во емисијата, пратеничката Петровска изјави дека единствена пречка за почеток на преговорите во моментов е спорот меѓу Македонија и Бугарија, кој нема врска со реформите.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

C +

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

C +

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

C +