24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за тоа што го кочи Законот за Клинички центар

ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за тоа што го кочи Законот за Клинички центар, побара Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ. Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од блокада на Законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години.

„Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски, со лаги, конструкции и преку парцијални документи, го саботира овој Закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните. Со предлог Законот се предвидува изградба на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава во следните неколку децении, а ќе се изгради на површина од 110.000 метри квадратни“, рече Петровска.

Наспроти овој проект, додаде таа, ВМРО ДПМНЕ, заглавен во минатото и обремент со долгови кон своите спонзори предлага изградба на само една зграда, на површина која е за само 1/10 од планираната површина за нов Клинички центар.

„На чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром“, прашува Петровска.

Кога веќе не се откажуваат од блокадите, додаде таа, чесно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги искористат најавените средби со граѓани и да им се извинат на граѓаните, затоа што го кочат овој Закон.