27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара измени на Законот за тутун

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за измени во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.

Пратеничката Ане Лашкоска појасни дека измените се во функција на допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.

„Целта на предлог законот кој што ќе го поднесеме е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун. Имено, за увезениот необработен тутун, увозникот ги избегнал сите споменати обврски во Глава II, III I IV од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и не гарантира за потеклото, безбедноста и контролата на производот, што е спротивно на Европската Регулатива 40/2014 како и Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО која ја имаме Ратификувано во 2006 година“, рече таа.

Должни сме, додаде Лашкоска, да ги почитуваме одредбите на истата, потсетувајќи на член 15 од Рамковната конвенција за контрола на тутунот од СЗО, потписниците се обврзани за елиминирање на сите форми на недозволена трговија со тутун и тутунски производи, вклучувајќи криумчарење и нелегалното производство, што е суштинска компонента на контролата на тутунот.

„Сметаме дека со предложеното изменување и дополнување на Законот ќе се создадат услови на целосно и подобро спроведување на Законот и истовремено ги повикуваме пратениците од парламентарното мнозинство да дадат поддршка на измените и дополнување“, изјави Лашкоска.