26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Улицата “Џон Кенеди” ќе се пробива низ ромското маало за да се спои со пластичарска

Улицата Џон Кенеди ќе се пробива низ ромската населба во Чаир за да се спои со булеварот Никола Карев или познатата Пластичарска улица. Град Скопје почнува со постапка за изработка на проект за оваа нова улица, кој ќе биде основа за нејзина изградба, за што беше склучен договор за меѓуопштинска соработка со општините Чаир и Карпош, пишува Сакам Да Кажам.

Се предвидува улицата Џон Кенеди да продолжува од крстосницата со улицата Македонско-косовска бригада до булеварот Никола Карев кај Американската амбасада. На трасата сега се наоѓаат куќи од ромското маало, а за нејзина изведба триесетина ќе бидат урнати, а сопствениците ќе бидат обесштетени. Улицата ќе биде со четири коловозни ленти, по две во двата правци и како што вели градоначалникот Петре Шилегов ќе се овозможи брз проток на сообраќајот во овој дел.

Целиот текст на Сакам Да Кажам.